Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 38-годишен жител на Тетово, со иницијали И.А., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според информациите од полицијата, на 6 октомври 2026 година, пријавениот, кој претходно бил студент на Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово, во канцеларијата на деканот оставил писмени закани упатени до деканот и останатите професори на факултетот.
По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.












