Трилатералните преговори насочени кон ставање крај на војната во Украина продолжија во Абу Даби по 40-минутна пауза, објави денеска „Интерфакс“, повикувајќи се на извор од рускиот преговарачки тим.
Средбата се одржува зад затворени врати.
На почетокот на разговорите, шефот на руската делегација, Владимир Медински, изрази надеж дека денешната средба ќе доведе до напредок кон мир.
Пред почетокот на преговорите, украинската делегација одржа средба со претставници од Европската Унија и Соединетите Држави, во пресрет на трилатералните разговори во кои учествуваат Русија, Украина и САД.
Предвидено е трилатералните преговори да се одржат денеска и утре, зад затворени врати и без присуство на медиумите.
Неименуван извор запознаен со разговорите посочи дека решавањето на конфликтот во Украина е само една од темите во рамките на поширока дискусија.












