Помошник-директор на Царинската управа е приведен под сомнение дека побарал поткуп за да го искористи своето реално влијание и да помогне во две постапки пред Царинската управа, соопшти Јавното обвинителство.
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра, информираа од МВР.
Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.
По целосно документирање на случајот до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.












