сабота, јуни 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полициски службеници од хеликоптерската единица и САЕ Тигар извршија успешна акција за...

Полициски службеници од хеликоптерската единица и САЕ Тигар извршија успешна акција за евакуација на повредено лице на Шар Планина/видео

59
Фото:принтскрин, видео МВР
Денеска (07.03.2026) полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со САЕ Тигар успешно спасија и евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина.
– По добиен повик во претпладневните часови, тим од хеликоптерската единица веднаш полета со тим од САЕ Тигар и успешно го презема повреденото лице, италијанска државјанка во тешки услови од непристапен терен, информираат од МВР.
Повреденото лице успешно беше транспортирано до Клинички центар “Мајка Тереза” за укажување на помош, потврдија од Хеликоптерската единица.

ИЗДВОЕНИ