Белата куќа објави анимирано видео на својот официјален профил на платформата Х, кое прикажува напади врз цели во Иран, во комбинација со разни видео игри.
Видеото е долго 52 секунди, а статусот што Белата куќа го објави покрај него е: НЕПОРАЗЕНИ.
UNDEFEATED. pic.twitter.com/Jt69bcag5y
— The White House (@WhiteHouse) March 12, 2026
Претходно Белата куќа објави уште едно слично видео. Видеото, кое е долго околу 34 секунди, користи метафора за куглање: иранските функционери се прикажани како „чунови“, а американскиот удар е прикажан како топка со ленти во боите на американското знаме што ги соборува „чуновите“. На крајот се прикажува снимка од ракетите. Видеото е придружено со натпис „УДАР“.
STRIKE. 💥🦅 pic.twitter.com/XMzNNtlT63
— The White House (@WhiteHouse) March 12, 2026
Во последните недели, Белата куќа објави неколку вакви видеа кои комбинираат снимки од вистински напади врз ирански цели со елементи од филмови, видео игри и други медиуми како дел од операцијата „Епски бес“, чија цел, според официјалните изјави, е да се уништи ракетниот арсенал и морнарица на Иран и да се спречи развојот на нуклеарно оружје.












