петок, јули 10, 2026
Дома СПОРТ Подобро да престанам, инаку ќе кажам работи за кои ќе жалам

Подобро да престанам, инаку ќе кажам работи за кои ќе жалам

36
epa11007728 Portuguese footballer Ricardo Quaresma (L) and company and former Spanish footballer David Silva (3-L) and company attend the red carpet of the UEFA EURO 2024 final tournament draw at the Elbphilharmonie in Hamburg, Germany, 02 December 2023. The UEFA EURO 2024 will take place in Germany from 14 June to 14 July. EPA/FILIP SINGER

Елиминацијата на Португалија од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година беше тешка за Рикардо Кварезма. Поранешниот португалски репрезентативец, кој го следи турнирот како коментатор за „Лајв моуд ТВ“, остро го нападна настапот на својот тим, во директна конфронтација со Рубен Дијас по натпреварот.

– Сите велеа дека ова е најдобрата генерација во историјата на Португалија. Во која смисла е најдобра? Што има освоено? Се враќаме дома со спуштени глави. Имаме одлични играчи во средниот ред, многу талент, но на ова Светско првенство беа многу, многу млаки. Истото важеше и за нападот, а одбраната изгледаше изгубена. Подобро да престанам, инаку ќе кажам работи за кои подоцна ќе жалам. Ништо не функционираше, од почеток до крај. Сè тргна наопаку. Ѝ ја дадовме победата на Шпанија, таа направи што сакаше. Се шетавме по теренот, бевме бавни, немавме волја – вака почна анализата на поранешниот играч со 80 настапи за Португалија.

Тој беше особено критичен кон сега веќе поранешниот селектор, Роберто Мартинес.

Неколку минути подоцна, во вообичаениот разговор по натпреварот, еден од капитените, Рубен Дијас, застана пред камерите.

– Чувствував дека се подобруваме. Натпреварот против Хрватска не беше совршен, но беше важен тест. За мене лично, ова беше најдобриот натпревар што го одиграв против Шпанија – го бранеше дефанзивецот на Манчестер сити тимот.

Но, Кварезма не се поколеба.

– Не се согласувам со тебе, Рубен. Овој тим мораше да игра многу подобро. Имаш играчи од светска класа и квалитет за да ја победиш Шпанија. Она што го видов денес беа премногу додавања наназад и настрана, премногу посед на топката без никаков обид да се пробијат нивните линии или барем да се шутира кон голот. Освен шансата на Нуно и тој удар со глава во последните минути, практично ништо не создадовте. Само поседот на топката не победува. Имате играчи како Рафаел Леао, Педро Нето и Франциско што може да го поминат голманот во еден на еден. Треба повеќе да ги користите тие квалитети – рече Кварезма.

Рубен Дијас одговори на тоа со видливо почитување. – Доволно долго сте во фудбалот за да знаете дека не е лесно градењето национален тим. Шпанија има уникатен фудбалски идентитет. Нејзините играчи растат со истата филозофија. Ние, во Португалија, имаме неверојатни поединци, но без таа заедничка основа. Добриот фудбал не е само дриблање и напаѓање напред секогаш кога има простор. Станува збор и за контрола на играта, одржување на поседот и за наоѓање рамнотежа – кажа Дијас.

 

ИЗДВОЕНИ