Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 15, а максималната ќе достигне 34 степени.
Според прогнозата на УХМР, во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во недела се очекува дестабилизација на времето со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северозападен ветер.
Од понеделник повторно следува период на претежно стабилно и топло време.












