петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Подигнати 655 кубици ѓубре од Гази Баба, Чаир и од Шуто Оризари

Подигнати 655 кубици ѓубре од Гази Баба, Чаир и од Шуто Оризари

331

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ подигнале и транспортирале 655 кубни метри непрописно фрлен отпад на територијата на градот Скопје.

– Отстранети се неколку поголеми диви депонии на: улицата „Перо Наков“ во Општина Гази Баба, „Џон Кенеди“ во Општина Чаир, како и „Гвадалахара“ во Општина Шуто Оризари.

Екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ минатата недела изготвила 19 записници за лица и за правни субјекти затечени при кршење на Законот за јавна чистота, при што биле врачени по шест записници на територијата на скопските општини Чаир и Карпош.

Воедно, од претпријатието информираат дека целосно го расчистиле теренот по големата сообраќајна незгода на главната улица во Општина Ѓорче Петров. Исто така, чистеле и извршиле посипување со песок во непосредна близина на маркетот „Томи“ во Општина Кисела Вода, каде што било забележано излевање на големо количество масло на коловозот.

ЈП „Комунална хигиена“ предупредува да престане масовното фрлање отпад на јавни и на сообраќајни површини, затоа што директно се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје.

Притоа, оттаму апелираат да се фрла мешаниот комунален отпад исклучиво во наменски поставените садови.

Инаку, претпријатието продолжува да им ја нуди на граѓаните можноста бесплатно да го фрлаат својот кабаст отпад во Центарот за селекција на отпад во Карпош, секој ден во неделата, од 7:00 до 19:00 часот.

 

ИЗДВОЕНИ