петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почна судењето за штипјанецот што ја убил пријателката, а потоа ја закопувал...

Почна судењето за штипјанецот што ја убил пријателката, а потоа ја закопувал дел по дел

59

Во Основниот суд во Штип започна судењето на штипјанецот Денис Асанов (74), кој е обвинет дека ја киднапирал Борјанка Николова (79), ја држел затворена во неговиот дом, а потоа со остар предмет ја усмртил и ја закопал во дворот од неговата куќа. Асанов, кој со жртвата биле во блиски односи, пред судот кажа дека не се чувствува виновен и рече оти воопшто не знае како се случило тоа.

Обвинителството во Штип ќе го докажува убиството со наоди од вештачењето. Обвинетиот бил свесен при извршувањето на делото и убиството го сторил со умисла, констатирале вештите лица. Според извршената обдукција, убиената жена имала скршени 8 ребра, а на телото што било пронајдено закопано во дворот недостасувала главата и двете нозе кои и до денес не се пронајдени. На првото рочиште беше сослушана и сестрата на убиената жена, која по 5 дена трагање, го пријавила исчезнувањето.

Кривичното дело се случило минатата година, а дел од телото на жртвата бил пронајден закопан во дворот од куќата на обвинетиот. Според исказот даден пред Основно јавно обвинителство Штип, како мотив биле наведени љубомора и нарушени лични односи. По жената се трагало неколку дена, откако нејзината сестра го пријавила исчезнувањето.

Според информациите на Министерство за внатрешни работи, на 24 октомври 2025 година, 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека таа се оддалечила од домот. На 10 ноември, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Асанов, при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со случајот. По претресот, осомничениот бил лишен од слобода и му била определена мерка притвор. Како што соопшти МВР на 16 ноември 2025 година, дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот придонеле за појаснување на начинот на извршување на кривичното дело.

 

ИЗДВОЕНИ