Русија доби големо признание во светот на спортот откако беше избрана Москва за домаќин на Светското првенство во кревање тегови во 2030 година. Одлуката ја донесе Извршниот одбор на Меѓународната федерација за кревање тегови (IWF), со што на Русија ѝ се отвора можност повторно да организира голем меѓународен спортски настан.

Ова ќе биде прво Светско првенство во кревање тегови во Москва откако, во 1997 година, почнаа да се одржуваат заедно натпреварувањата за мажи и за жени. Руската престолнина претходно беше домаќин на светските шампионати за мажи во 1975, 1980 и во 1983 година.

Турнирот во 2030 година ќе има и дополнително значење, бидејќи ќе биде првиот квалификациски настан за Олимписките игри во Бризбејн, во 2032 година.

Одлуката доаѓа по период во кој Русија се соочуваше со ограничувања за организирање меѓународни натпреварувања во олимписките спортови. Во меѓувреме, IWF постепено ги ублажуваше ограничувањата за руските и за белоруските спортисти.

ИЗДВОЕНИ