четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Почна машинското миење на булеварите и улиците

Почна машинското миење на булеварите и улиците

50

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни.

Од претпријатието информираат дека машинското миење се реализира со цел одржување на највисокото ниво на хигиена и чистота на јавните и сообраќајните површини во градот и дека значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.

– Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена фреквенцијата на возила и на пешаци на улиците – нагласуваат од ЈП „Комунална хигиена“.

Оттаму додаваат и тоа дека во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири сада за фрлање отпад лоцирани на улицата „Невена Георгиева-Дуња“, во Општина Кисела Вода.

– Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на фрлање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП „Комунална хигиена“ во најкус можен рок ги замени опожарените садови со нови – објаснија од претпријатието.

Притоа, наведуваат дека минатата година биле запалени вкупно 27 сада наменети за фрлање комунален отпад, додека само од почетокот на годинава се опожарени 11 контејнери.

 

ИЗДВОЕНИ