четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почна изградбата на спортски игралишта во ОУ „Даме Груев“

Почна изградбата на спортски игралишта во ОУ „Даме Груев“

31

Почна да се работи на уште една локација во Битола, во новата градежна сезона. Станува збор за изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, што е проект од вториот владин повик, преку Министерството за образование и наука.

Toa  ќе бидат отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор, и тоа терени за ракомет, кошарка и за одбојка, со вкупна површина од 1.311 квадратни метри. Проектот предвидува поставување и на тартан-подлога со дебелина од 13 милиметри, а вкупната асфалтна површина ќе биде 2.081 квадратен метар.

Околу терените ќе биде направена и пешачка патека со бехатон, на површина од 294 квадратни метри, асфалтирање на пристапниот дел до игралиштата, паркинг-простор, хортикултурно уредување и поставување урбана опрема.

Вкупната сума на проектот е 15.507.414 денари.

– И ова училиште се приклучува кон другите основни училишта што ќе имаат нови спортски терени, што е заложба на Општина Битола – учениците да имаат модерни и современи услови за спортски активности – соопштија општинските власти.

 

ИЗДВОЕНИ