Почина 54-годишниот Љупчо Грнчиштанов главен инспектор во Државниот пазарен инспекторат , обвинетите во судскиот предмет за пожарот во „Пулс“.
Грнчиштанов од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршуваше функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во ДПИ. Тој беше обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, а помина 77 дена во ефективен притвор, по што 14 месеци беше во куќен притвор.
„Јавното обвинителство е известено. Обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција“ информираа кратко од ОЈО.
На почетокот на судењето, во својот Воведен збор бранителот на Грнчиштанов, адвокат Дончо Наков, кажа дека обвинетиот ги презел сите мерки и активности од оперативен, нормативен, организационен, надзорен и технички карактер на кои бил обврзан со закон во рамките на неговите, а не во рамките на туѓо постапување.
-Ќе докажеме дека истиот не сторил дејствија на пропуштање со кои преку теоријата на верижна одговорност би бил наводен сторител како соизвршител на ова дело. Ќе докажеме дека не го сторил делото, изјави неговиот бранител. Љупчо Грнчиштанов,тогаш се приклучи кон воведниот говор на адвокатот, а на семејствата на загинатите им изрази сочувство, а на повредените побрзо закрепнување.












