Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, направи голем исчекор кон вражање на титулата во домашното првенство, откако во рамките на плејофот во Суперлигата на гостински терен го победија актуелниот шампин Еурофарм Пелистер со 22:27. Вардарци беа подобри во повеќе сегменти во играта, а победата ја запечатија со одлична игра во второто полувреме.

„Сакам да кажам дека никогаш не е лесно да се победи на гостински терен во Битола. Но успеавме да ја оствариме мисијата. Ништо не е готово, победивме тука и лани, па не ја освоивме титулата. Имаме многу тешки ривали во плеј-офот, Охрид и Алкалоид.  Успеавме да ги победиме и нив во регуларниот дел од сезоната, но нивниот квалитет е очигледен и затоа сметам дека борбата ќе биде тешка до самиот крај. Треба да останеме фокусирани и да го имаме истиот пристап на сите мечеви.

На овој натпревар бевме веројатно поконсолидирани од актуелниот првак на Македонија, иако Пелистер играше без својот прв среден бек Тајник, нешто што се почувствува и во разновидноста на нивната игра. Одигравме дисциплинирано, цел тим беше на потребното ниво. Понекогаш сме и ние послаби во дисциплината, но денес беше нешто посебно. Едноставно, за вакви натпревари се игра ракомет и само со ваков пристап можеме да ги оствариме нашите цели“, истакна пикерот Милан Лазаревски, кој на овој натпревар постигна седум гола од истот толку обиди.

Тренерот на „црвено – црните“ Иван Чупиќ по натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ имаше многу пофалби за својата екипа и не го криеше задоволството од победата.

„Бевме нервозни во првото полувреме, со црвен картон, некако бевме многу нервозни и во транзиција, промашувавме зицери и губевме топки, но бевме во мечот. Заради голманот и добрата одбрана, не дозволивме Пелистер да направи поголема разлика, но се договоривме во вториот дел да се смириме, да продолжиме да играме цврста одбрана и дека нашите пет минути ќе дојдат, дека Пелистер мора да го убрзаме во играта да ризикува и да ги чекаме нашите моменти. Ова беше една шампионска одбрана за титула и тоа ни донесе два бода. Имаме уште три месеци од сезоната, половина март, цел април и мај. Има уште да се игра и за што да се бориме. И за титула и за Куп и за Ф4 во Европската лига, така што, одиме чекор по чекор, кажа Чупиќ.

 

ИЗДВОЕНИ