Министерството за внатрешни работи добило дојави за бомби во трговските центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје, за среќа сите се лажни.
-Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје се поставени експлозивни направи, информираа вчера од МВР. Полициски службеници, додаваат оттаму, преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри. По ова, било утрврдено дека биле лажни.
Во петокот од серија лажни дојави за поставени бомби внесоа нов бран на вознемиреност и во регионов. Евакуации и полициски проверки и вонредни контроли во трговски центри, училишта и институции имало во Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Во Загреб, беа евакуирани три трговски центри поради дојави за можна експлозивна направа, но по неколкучасовни проверки полицијата утврди дека станува збор за лажни пријави. Хрватските медиуми, повикувајќи се на загрепската полиција, објавија дека не се пронајдени експлозивни направи и дека вработените и посетителите потоа почнале да се враќаат во објектите.
Вознемиресот поради дојави за бомби имаше и во БиХ. Во Зеница каде полициските структури добиле закани испратени од непозната е-адреса, а тие се однесувале на полицијата, образовни установи и други институции. Инстовремено во Сараево биле евакуирани два трговски центри, а според медиумите најмалку четири основни и средни училишта добиле дојави, по што биле спроведени проверки.
Во Црна Гора, поради закани беа евакуирани трговските центри „Биг Фешн“ и „Сити Мол“ во Подгорица, како и „ТК Плаза“ во Будва. Во исто време, биле испратени и заканувачки пораки до образовни установи во Никшиќ.
По денешните лажни дојави за бомби во Скопје, постои сомнеж кој не е официјално потврден дека станува збор за координирана регионална акција со ист извор. Иако за среќа, сите дојави беа лажни, сепак се се потврди дека со неколку електронски пораки се нарушува секојдневието и повторно се отвора прашањето дали и колку надлежните институции се подготвени за вакви хибридни безбедносни вознемирувања.












