четврток, јули 30, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА По антивладините протести и војната: Цените на храната во Иран скокнаа за...

По антивладините протести и војната: Цените на храната во Иран скокнаа за 99 проценти, а инфлацијата не паѓа под 40 проценти

1
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Трошоците за живот во Иран нагло се зголемиле по антивладините протести во јануари и во текот на речиси петмесечната војна со САД, објавија државните медиуми. Минатата година, потрошувачките цени скокнале за 66 проценти, објави државната телевизија ИРИБ.

Зголемените трошоци, лошите економски прогнози и сè почестите недостатоци вршат сè поголем притисок врз иранското население. Полуофицијалната новинска агенција „Тасним“ извести за ненадејното зголемување на цената на медицинските услуги, преполните болници и за долгите редици пред специјализираните клиники.

Поради економската криза, во земјата избувнаа масовни протести во јануари, а кризата беше дополнително влошена од меѓународните санкции. Властите насилно ги потиснаа демонстрациите. Од почетокот на војната кон крајот на февруари, американските и израелските воздушни напади уништија клучни индустриски капацитети низ Иран. Економската активност беше дополнително оптоварена со исклучувањето на Интернетот и со затворањето на бизнисите во текот на конфликтот.

Во април, Светската банка објави дека годишната стапка на инфлација во Иран во претходните две години била околу 40 проценти, а дека се зголемила цената на храната во февруари 2026 година, во споредба со тој период минатата година, за дури 99 проценти.

ИЗДВОЕНИ