среда, јули 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Платформа „Разговори за иднината во 12:05“: Потребен е Нов општествен договор создавање...

Платформа „Разговори за иднината во 12:05“: Потребен е Нов општествен договор создавање широк опозициски потенцијал за промени

159

Промовирана е новата платформа „Разговори за иднината во 12.05“ чија што цел, како што е соопштено, покрај другото, е подигнување на нивото на општествената дебата. Во соопштението по одржаната средба во еден скопски хотел се наведува дека учесниците припаѓаат на три неформални групи на општествени чинители.

-Едната група се влијателни граѓански активисти кои никогаш не биле членови на политички партии, другата група се гласни актуелни опозициски вршители на јавни функции и третата група се истакнати припадници на различни генерации на СДСМ – се наведува во соопштението по средбата.

Во досатвеното соопштение и фотографии до медиумите се наведува дека учесници на средбата биле Игор Ивановски како модератор, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Никола Ќуркчиев, Александар Бајдевски, Славјанка Петровска, Сашко Митревски, Моника Зајкова, Ненад Марковиќ, Предраг Трпевски, Звонко Давидовиќ, Валентин Пепељугоски, Љубомир Гајдов, Ивор Мицковски, Милена Стевановиќ, Ема Нешковска, Стојко Пауновски, Костадин Ацевски, Драган Анастасов, Диме Велковски, Коста Начевски, Насе Насев, Бојан Столевски, Митко Андреевски, Милена Цветановска, Сретен Богоевски. Горан Стојковски – Диро не бил присутен но доставил писмено обраќање.

Во обраќањето наведени се и заклучоците од средбата:

  • Прогресивната демократска јавност има потреба од суштинска, објективна дебата, која за да ја погоди целта мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските авторитети.
  • Граѓаните денес живеат во реалност на неефикасна власт која за наводен политички противник си избира виртуелна опозиција.
  • Сите истражувања на јавното мнение укажуваат дека македонската политичка сцена нуди, на едната страна силна владејачка партија и коалиција, а на другата страна смислено фрагментирана опозиција.
  • Опозицискиот простор не се пополнува со нови партии туку со идеолошка и вредносна (р)еволуција.
  • На Македонија и е потребен Нов општествен договор како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени.
  • Демократските процеси продолжуваат во насока на изнаоѓање одржливи и спроведливи решенија за иднината. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ