среда, јули 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Контролите на Пазарна само на хартија, во реалноста диското работело без никаков...

Контролите на Пазарна само на хартија, во реалноста диското работело без никаков стандард

Судење „Пулс“

81

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи со презентација на материјални докази откако Судот го одби како неосновано барањето за изземање на јавната обвинителка Наташа Сарамандова, поради, како што наведе одбраната на обвинетите, пристрасност при водењето на процесот. По два часа доцнење поради проблеми со спроводот од истражниот затвор „Шутка“, судењето започна во напната атмосфера.

– Почитувани, ова не е секојдневен и лесен судски процес. Овие докази се кај Судот, но тука е и поротата, тука се многу обвинети со различна одбрана, тука е и јавноста, која заслужува да добие јасен настап и изведување докази од страна на нас, обвинителите. Мораме да продолжиме така јасно и прецизно да ги изведуваме и доказите за обвинетите од Пазарниот инспекторат за да можеме да ги поврземе. Не е тоа пристрасност – кажа обвинителката Наташа Сарамандова, за која обвинетите и нивните адвокати побараа изземање оти била пристрасна, а Државниот обвинител, Ненад Савески, не најде такво нешто во нејзиниот настап и не ја иззеде од предметот.

На рочиштето, Обвинителството продолжи со изведување на доказите поврзани со работата на Државниот пазарен инспекторат. Се правеле контроли во работата на „Кафе Класик“, „ММММ Кафе“ и „Пулс“, сите во сопственост на Дејан Јованов, но тие контроли немале никаков ефект.

Презентацијата на доказите се одвиваше со читање на насловите на документите од доказната листа, меѓу кои записници од претрес, потврди за привремено одземени предмети, известувања и дописи од МВР, СВР Штип и Државниот пазарен инспекторат, како и налози и записници од извршени инспекциски контроли.(П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ