недела, јули 26, 2026
Дома БАЛКАН Планирајте го патувањето на време: Штрајк на грчките цариници во понеделник, границите...

Планирајте го патувањето на време: Штрајк на грчките цариници во понеделник, границите ќе бидат затворени четири часа

0
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

За утре е закажан штрајк на цариниците во Грција, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми.

Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени.

Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот.

Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).

Штрајкот дополнително ќе ги зголеми гужвите на граничните премини среде летна сезона.

ИЗДВОЕНИ