Европска земја која во последниве години стана сè попопуларна туристичка дестинација поради нејзините прифатливи цени, прекрасните јадрански и јонски брегови и сè подобрата туристичка инфраструктура. Сè повеќе патници ја избираат Албанија затоа што нуди автентично искуство без гужви, во споредба со другите медитерански земји. Том Чешир за „Дејли меил“, направи репортажа од Тирана во која опиша како е да се одмори на една од најевтините дестинации во Европа.
Тој верува дека главниот град на Албанија и блискиот Драч се полни со неочекувани откритија. Но, сите тие имаат едно заедничко нешто: се исклучително прифатливи, толку многу што Тирана беше рангирана како трет најевтин град во Европа според Барометарот за трошоци на градовите за 2026 година.
Влезот во амфитеатарот ќе ве чини 2,69 евра. Билетите за претстава во Тирана се 4,10 евра. Влезот во музеите чини околу седум евра, а оброк од три јадења со вино, во ресторан кој служи традиционална регионална кујна, чини околу 29 евра.
Двокреветна соба во хотел во Тирана чини 76 евра. Аналитичарите од кредитната компанија „Забл“ дури неодамна ја рангираа Тирана пред Пловдив во Бугарија и Талин во Естонија, кои се најдоа на второ и трето место во анкетата за најприфатливи дестинации. Затоа, некои експерти тврдат дека Тирана е всушност најевтината европска дестинација за градски одмор.
Од друга страна, Драч е идеален за еднодневен излет, со повратен билет за автобус кој чини 3,16 евра. Том Чешир особено го истакнува шеталиштето покрај главната марина и амфитеатарот, како и паркот исполнет со статуи на гладијатори, антички рибари и, донекаде бизарно, фигури на Џон Ленон, Тина Тарнер, Боб Дилан и Мик Џегер.
Статуите беа поставени како симбол на културна отвореност по комунизмот. Впрочем, поминаа само 35 години од падот на репресивниот режим на Енвер Хоџа. Пица во близина на Венецијанската кула чинеше 5,27 евра, а пиво од Корча 3,16 евра во бар на пристаништето. По враќањето во Тирана, тој посетил некои историски места, како што се озлогласените центри за испрашување на тајната полиција на Хоџа.
Во населбата Блок, некогаш резервирана за комунистичката елита, тој јадел говедски гулаш и пиел квалитетно албанско вино во ресторан, кое чини 4,21 евра. Том заклучува дека во Албанија никогаш не знаете што да очекувате и дека сè е сосема спротивно од темните денови на репресивниот и брутален режим на Енвер Хоџа.











