среда, јули 22, 2026
Дома СВЕТ Пет затвореници во Иран се осудени на смртна казна – организација за...

Пет затвореници во Иран се осудени на смртна казна – организација за човекови права повика на итна меѓународна акција за запирање на егзекуциите

54

„Карун“ наведува дека пет затвореници се во непосредна опасност од егзекуција, по судењата за кои овени дека се обележани со ускратувањето на пристап до независни адвокати, кршење на правата на обвинетите и користење „присилни признавања“, пренесува сајтот на приватната телевизија на персиски јази „Иран интернешенел“, со седиште во Лондон.

Во соопштението се наведува дека Масуд Џамеи, Алиреза Мордаси и Фарсхад Етемиади-Фар се осудени по обвиненија кои вклучуваат корупција, членство во бунтовнички групи кои се спротивставуваат на Исламска Република, пропаганда против системот, собирање и заговор“.

Хасан Мосалави, кој е арапски граѓански и култирен активист е осуден на смрт под обвијенијата за „водење војна против Бога и членство во арапските групи кои ѝ се спротивставуваат на Исламска Република. Реза Абдули е осуден на смртна казна и 15 години затвор под обвинените за „контакт со организации од земјата“.

Организацијата за човекови права „Карун“ повика на итна меѓународна акција за спречување на егзекуциите.

 

ИЗДВОЕНИ