Министерството за надворешни работи на Иран денес го опиша најновиот напад со беспилотни летала на САД врз неговите радарски објекти како „флагрантно кршење“ на примирјето од април и ги повика Обединетите нации да преземат мерки против „повторените кршења на примирјето од страна на САД“.
Министерството додаде дека нападот бил насочен кон објекти што ја штитат безбедноста на границите на земјата и ја обезбедуваат безбедноста на меѓународните водни патишта, објави Press TV, пренесе „Танјуг“.












