Ждрепката за Ролан Гарос му донесе тежок пат на Новак Ѓоковиќ уште во првото коло. Српскиот тенисер ќе го отвори турнирот против опасниот Французин Џовани Перикард, кој важи за незгоден ривал за брзи поени.

Во второто коло, Ѓоковиќ би играл против квалификант или против Французинот Валентин Роје. Потенцијален ривал во третата рунда би му бил младиот бразилски талент Жоао Фонсека, но и Хрватот Дино Прижмиќ. Во осминафиналето, можен противник би му бил Каспер Руд, додека во четврт-финалето се споменуваат Андреј Рублев и Алекс де Минар. Во полуфиналето би можел да го чека Александар Зверев или Тејлор Фриц. Доколку стигне до крајот, во финалето, најверојатно, ривал би му бил Јаник Синер.

Со оглед дека Карлос Алкарас не настапува во Париз, Синер важи за главен фаворит. Сепак, Ѓоковиќ повторно ќе атакува на својата 25. грен-слем титула.

ИЗДВОЕНИ