Под покровителство на Министерството за спорт, во Скопје се одржа дводневниот едукативен настан „Advanced Sports Nutrition and Supplementation“, посветен на унапредувањето на знаењето и практиките во спортската исхрана.
Во текот на двата дена, преку стручни предавања, практични работилници и размена на искуства, околу 70 спортски работници и професионални спортисти имаа можност да стекнат нови знаења за современите пристапи во спортската исхрана, внесувањето додатоци во исхраната и за усовршувањето на перформансите.
Предавач на настанот беше реномираниот спортски нутриционист Кристијан Маргарит, кој, преку своите долгогодишни искуство и експертиза, сподели значајни практични совети и современи пристапи од областа на спортската исхрана.
- На огромно задоволство, особено нè радуваше големиот интерес кај младите спортисти, кои имаа можност да добијат практични совети и директно да комуницираат со предавачот, кој се доближи до нив и несебично ги сподели своите искуство и знаење. Продолжуваме да инвестираме во едукацијата, развојот и создавањето подобри услови за спортот и за спортистите – информираа од Министерството за спорт.











