Екипата на Партизан се пласираше во финалето на АБА-лигата откако со 2:0 во серија ја елиминираше Црвена звезда. На вториот полуфинален натпревар, „црно-белите“ славеа со убедливи 89:78 и целосно го надиграа најголемиот ривал.

Тимот на Жоан Пењароја уште од стартот наметна силно темпо и стекна двоцифрена предност. Најефикасен кај Партизан беше Бруно Фернандо со 19 поени и шест скока, а одлична партија одигра и Дилан Осетковски, кој постигна 17 коша. Кај Црвена звезда, по 12 поени постигнаа Џордан Нвора и Џоел Боломбој.

Партизан во финалето ќе го чека победникот од дуелот меѓу Дубаи и Будуќност.

ИЗДВОЕНИ