Во Порта Македонија во Скопје, вечерва (28 јули) во 18:00 часот ќе биде претставен литературниот портрет посветен на авторката Марина Гоцевска.

Посетителите ќе се сретнат со нејзиниот творечки дух, со тишината меѓу стиховите и со светлината што ја остава пишаниот збор. Заедно ќе патуваат низ нејзиниот книжевен свет, ќе ги слушнат приказните што го обликувале нејзиното перо и ќе се доближат до мислите, чувствата и визиите што живеат во нејзините дела.

– Постојат вечери кога зборовите не се само кажани туку и се чувствуваат. Вечери кога книгите не ги отвораат само своите страници туку и човечките души.

Ве покануваме да бидете дел од оваа посебна книжевна вечер, во која литературата ќе биде мост меѓу срцата, а зборовите ќе продолжат да одекнуваат долго по последната прочитана реченица – велат организаторите на настанот.

Модератор е Марија Светозареви, а промотор Ленче Стоименова.

Марина Гоцевска е современа македонска поетеса, писателка и магистер по психологија. Таа е активен учесник на домашната културна сцена и е препознатлива по својот литературен придонес, особено во источниот дел на Македонија.

ИЗДВОЕНИ