Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги известува сите граѓани дека од денеска започнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои тоа стопанисува.
Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде: од понеделник до петок: 07:00- 21:00 часот, в сабота: од 07:00-14:00 часот. На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно: од понеделник до сабота: од 07:00- 23:00 часот.
Од ЈП „Градски паркинг“ им препорачуваат на сите корисници на нивните услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно со наведеното работно време.












