Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на конференција во Будва и на министерски состанок во Цетиње, во рамки на Берлинскиот процес. На двата настана, како што соопшти Министерството за економија и труд, во фокусот биле зајакнувањето на Заедничкиот регионален пазар и забрзувањето на економското приближување на Западен Балкан кон Европската Унија.
Дурмиши истакнал дека регионот располага со индустриски капацитети, квалификувана работна сила и компании кои се веќе поврзани со европските производители, но дека економската соработка меѓу земјите сè уште не го достигнува својот потенцијал.
Според него, следниот чекор е македонските компании да се поврзат во регионални синџири на снабдување и да развиваат производи и услуги со поголема додадена вредност.












