Според најавите на општинските власти, тоа ќе биде прв вистински поголем парк во Гевгелија, на површина од 25.400 квадратни метри.

– Просторот ќе биде зазеленет со ниско и со високо зеленило, што позитивно ќе влијае на микроклимата во Гевгелија. Предвидени се земјени пешачки патеки изработени од ситно дробена камена ризла, урбана опрема – поставување канти за отпадоци, клупи и натстрешници. Ќе се постават и смарт клупи со систем за напојување на електроника, а ќе има и паркинг за велосипеди и за електрични тротинети, со можност за нивно напојување – информираат од кабинетот на градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов

 

Гевгеличани ќе добијат нов модерен парк на пространа површина, во кој ќе има содржини што не биле застапени досега во градското уредување.

Според најавите на општинските власти, тоа ќе биде прв вистински поголем парк во Гевгелија, на површина од 25.400 квадратни метри. Предвидено е да се протега паркот покрај северниот брег на Сува Река, започнувајќи од источната страна, од улицата „Солунска“, па сè до завршетокот на улицата „Титоградска“.

– Просторот ќе биде зазеленет со ниско и со високо зеленило, што позитивно ќе влијае на микроклимата во Гевгелија. Предвидени се земјени пешачки патеки изработени од ситно дробена камена ризла, урбана опрема – поставување канти за отпадоци, клупи и натстрешници. Ќе се постават и смарт клупи со систем за напојување на електроника, а ќе има и паркинг за велосипеди и за електрични тротинети, со можност за нивно напојување – информираат од кабинетот на градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов.

Според општинскиот проект, хортикултурното уредување предвидува засејување ниски и високи стеблести растенија, поставување систем за наводнување на паркот и ново модерно осветлување. Дел од тематските елементи на паркот се и изработка на лавиринт од растенија, изградба на амфитеатар, како и видиковец.

– Изборот на подлогата за пешачките патеки, како и целокупната организација на паркот, местоположбата на сите предвидени содржини, поставувањето на урбаната опрема и хортикултурното уредување со разни видови на дрвја и растенија се во сооднос со планираната сообраќајница, согласно со ГУП, која се протега покрај целиот опфат – појаснуваат од кабинетот на гевгелискиот градоначалник.

Од Општина Гевгелија наведуваат дека аплицирале со проектот за урбан зелен парк на јавниот повик за финансирање проекти во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, за период 2021-2027 година. По изборот на проектот од страна на комисијата, сега е во тек тендерска постапка за почеток на изградба на паркот.

Потегот покрај Сува Река честопати е вклучен во реакциите на гевгелиските екологисти, кои алармираат дека се користи како место за фрлање секаков отпад и поради тоа е претворен во депонија.

 

 

ИЗДВОЕНИ