четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Скопје доби уреден спортски простор на кејот на Вардар

Скопје доби уреден спортски простор на кејот на Вардар

972

Скопје доби уреден спортски простор на кејот на реката Вардар, кај лунапаркот, проект што го реализираше Министерството за спорт, во интерес на граѓаните и на спортот.

Овој спортски простор вчера го пуштија во употреба министерот за спорт, Борко Ристовски, и скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

– Овој простор повторно е ставен во служба на граѓаните – место каде што младите ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе создаваат здрави навики. Реконструираниот простор располага со фудбалско и со кошаркарско игралиште со современа полипропиленска подлога, што овозможува побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација – истакна Ристовски.

Ова е уште еден од проектите на Министерството за спорт од програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, реализиран во соработка со локалната самоупарва, со цел спортот да биде достапен за сите и да се промовира активен и здрав начин на живот, особено за младата популација.

– Проектот е реализиран во соработка со локалната самоуправа, затоа што само со заедничка работа можеме да создадеме повеќе можности за спорт и активен живот за нашите граѓани. Со секое ново или обновено спортско игралиште, испраќаме јасна порака: спортот мора да биде блиску до младите – заклучи Ристовски.

 

ИЗДВОЕНИ