сабота, ноември 14, 2026
Дома СВЕТ Папата Лав XIV им се обрати на верниците на главнит плоштад во...

Папата Лав XIV им се обрати на верниците на главнит плоштад во Лима: Ги осуди „мачоизмот“ и насилството врз жените во Перу

0
Фото:википедија

Папата Лав XIV го осуди широко распространетиот феномен на „мачоизам“ – односно машки шовинизам – како и насилството врз жените во Перу, повикувајќи жените да бидат заштитени, почитувани и третирани како рамноправни.

Обраќајќи им се на верниците на главниот плоштад во Лима, Папата изјави дека културата на мачизам и насилството врз жените се спротивни на христијанското учење, според кое мажите и жените поседуваат еднакво достоинство и права.

„Нè боли кога гледаме дека насилството врз жените – кои би можеле да бидат наши баби, мајки, сестри или ќерки – останува реалност што го рани целото човештво“, рече Лав XIV.

Тој особено ја истакна тешката положба на сиромашните жени, како и на оние од домородните народи и афро-перуанската заедница, напоменувајќи дека тие се соочуваат со „двојна ранливост“.

Папата ја повика влијателната католичка хиерархија во Перу да послужи како пример за единство и заедница. Тој исто така ги повика бискупите да застанат покрај верниците и на случаите на сексуална злоупотреба од страна на свештенството да одговорат со вистина и правда.

За време на посетата, тој се сретна со шестмина преживеани од злоупотреба, вклучително и жртви на насилна група, слична на секта, која папата Франциск ја распушти минатата година.

Бидејќи поминал две децении во Перу како мисионерски свештеник и бискуп, Лав XIV ја опиша оваа посета како „враќање дома“. За време на престојот во Лима, тој покажа голем ентузијазам при средбата со верниците и, заедно со десетиците илјади луѓе собрани таму, пееше познати перуански песни.

Насилството врз жените е голем општествен проблем во Перу. Според податоците на Националниот институт за статистика и информатика, помеѓу 2016 и 2024 година биле евидентирани 1.261 жртва на фемицид (убиство на жени). Бројот на жени убиени поради нивниот пол во тој период се зголемил за 44 отсто.

Папата нагласи дека службата на бискупот подразбира блискост со луѓето – особено со болните, младите и заедниците кои, поради географска изолираност или социјална ранливост, ретко имаат можност да бидат слушнати, пренесе „Бета“.

 

ИЗДВОЕНИ