сабота, ноември 14, 2026
Дома СВЕТ Потврдено од Кремљ: Средба меѓу Путин, Си и Трамп во Кина официјано...

Потврдено од Кремљ: Средба меѓу Путин, Си и Трамп во Кина официјано е закажана за 19 ноември

0

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржат трилатерална средба во кинескиот град Шенжен на 19 ноември, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), објави денеска руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на портпарол на Кремљ.

Како што пренесе британската новинска агенција „Ројтерс“, Трамп претходно оваа недела навести дека е можна ваква средба.

Трамп планира да разговара за војната во Иран со Си и Путин, но ќе ја избегне темата за Украина, изјави денеска висок американски функционер, додавајќи дека не се очекува постигнување никакви договори.

Според американската новинска агенција АП, станува збор за средба без преседан меѓу лидерите на главните светски нуклеарни сили; сепак, аналитичарите сметаат дека шансите за постигнување значителен напредок се мали и ја нагласуваат симболичната природа на оваа средба, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ