сабота, ноември 14, 2026
Дома СВЕТ „Њујорк тајмс“: Во преговорите за Украина, Русија бара НАТО да се повлече...

„Њујорк тајмс“: Во преговорите за Украина, Русија бара НАТО да се повлече на позициите од 1997 година

0

За време на преговорите насочени кон ставање крај на војната во Украина, Русија го повтори своето барање НАТО да ги повлече своите трупи и воени бази на позициите што ги имаше во 1997 година, да се откаже од понатамошно проширување и да ги прекине воените активности во Украина, Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија, пренесува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на документ дистрибуиран од руските претставници за време на разговорите во Абу Даби.

Според американскиот весник, документот – со датум од вторникот – исто така содржи барање Обединетото Кралство и Франција да ја исклучат можноста за употреба на своето нуклеарно оружје при одбраната на други европски нации, како и барање Западот да го запре испраќањето оружје во Украина.

Како што се наведува, Русија наводно порачала дека Украина би можела да стане членка на Европската унија само под услов да не учествува во заедничката одбранбена политика на блокот, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ