Екипата на Панатинаикос го победи Жалгирис со 92:88, во рамките на 31. коло од Евролигата. Враќањето на Матијас Лесор на теренот по неколкумесечна пауза донесе многу причини за радост за навивачите на Панатинаикос. Тој веднаш придонесе за победата на својот тим, кој го победи Жалгирис по неизвесна завршница.

Лесор го заврши натпреварот со девет поени и три скока, но најефикасен играч во редовите на „зелените“ беше охриѓанецот Џеди Осман со 23 поени. Токму турскиот репрезентативец беше движечка сила на домашниот тим во моментите кога ривалот од Литванија даваше силен отпор.

Резултати: Монако – Олимпијакос 81:80, Дубаи – Басконија 100:94, Баерн – Ефес 80:81, Реал Мадрид – Валенсија 96:76, Панатинаикос – Жалгирис 92:88, Париз – Асвел 90:81.

ИЗДВОЕНИ