четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Паника во Сицилија: Поради серија земјотреси, жителите мислеле дека островот е бомбардиран...

Паника во Сицилија: Поради серија земјотреси, жителите мислеле дека островот е бомбардиран – поради страв од напад, некои сами се евакуираат на копно

158
Фото:википедија

Жителите се толку вознемирени што во среда, кога слаб земјотрес ги погоди падините на планината Етна, многумина се јавија во службите за итни случаи прашувајќи дали островот е бомбардиран, соопшти италијанската Агенција за цивилна заштита, како што објави „Си-ен-ен“.

Во четврток наутро, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани и министерот за одбрана Гвидо Кросето се обратија во парламентот за да ги уверат пратениците дека, кога станува збор за американските бази, „нивната употреба е регулирана со меѓународни договори“.

Министрите не ја исклучија можноста базите да се користат во иднина и ја повторија најавата на премиерката Џорџа Мелони дека Италија ќе испрати системи за воздушна одбрана во регионот.

„Планираме да распоредиме повеќенаменски систем на Блискиот Исток, со системи за воздушна одбрана против беспилотни летала и противракетни системи“, рече Кросето, додавајќи дека Италија ќе разгледа евентуално барање за користење на базите.

Сицилија е дом на воздухопловната база Сигонела, главната база за програмата на НАТО за копнено набљудување на Алијансата, во која се сместени повеќе од 2.000 американски војници.

Министрите, исто така, одговорија на загриженоста дека островот би можел да стане цел, што ги натера некои Сицилијанци да се евакуираат на италијанското копно.

„Сицилија отсекогаш била простор на мир и дијалог меѓу народите и не смее да се користи како база за агресија и конфликт“, рече европратеникот од Движењето Пет Ѕвезди, Џузепе Антоки, пренесе „Н1“.

ИЗДВОЕНИ