понеделник, октомври 5, 2026
Дома БАЛКАН Паника на лет за Белград: Eвакуиран аеродромот во Сплит поради сомнение за...

Паника на лет за Белград: Eвакуиран аеродромот во Сплит поради сомнение за бомба

0

Патниците на лет за Белград беа евакуирани во Сплит поради сомнение за закана со бомба, објави „Вечерњи лист“.

„Седевме на пистата кога одеднаш во авионот влегоа неколку полицајци – некои во униформа, а други во цивилна облека. Низ прозорецот видов полициско возило покрај авионот“, пренесе Дневник.хр.

„Тој седеше во третиот или четвртиот ред“, изјави една патничка за хрватски Дневник, додавајќи дека побарала објаснување од стјуардесата. „Го спомна зборот ’бомба‘, појасни таа.

Патничката исто така рече дека неколку лица го напуштиле авионот поради страв и дека пилотот потоа, околу 15:40 часот, преку разгласот соопштил оти сите патници мора да се симнат од леталото поради безбедносна проверка.

Авионот е во сопственост на „Ер Србија“ (Air Serbia) и требаше да полета од Сплит за Белград во 15:20 часот.

ИЗДВОЕНИ