Обилните снежни врнежи предизвикаа хаос во делови од Германија, со стотици судири на заледените патишта во јужна Баварија, превртување на камиони, а автопатот кон Австрија е затворен за сообраќај.
Полицијата во Горна Баварија регистрирала повеќе од 400 несреќи, објави денес „Билд“.
Во Долна Баварија, полицијата и противпожарните служби реагирале на околу 80 инциденти поради снег и мраз.












