Една од најпознатите модели на сите времиња, верувале или не, морала да ангажира телохранител чија единствена задача била да ја чува нејзината долна облека додека била на модната писта.
Славата и популарноста на светските супермодели во 1990-тите години имала и своја необична страна, а германската манекенка Клаудија Шифер открила една од најбизарните ситуации од периодот кога била на врвот на својата кариера.
Шифер се присетила на необичната анегдота во интервју за британското списание „Ел“, откривајќи дека за време на модните ревии, личните предмети од нејзиниот гардеробер редовно исчезнувале.
– Кога излегував на модната писта, по враќањето, забележував дека ми недостасува долна облека – градник, гаќички… Сè исчезнуваше – рекла манекенката.
Кражбите се повторувале толку често што на крајот морала да најде необично решение. Па така, покрај личното обезбедување, добила и телохранител кој бил исклучиво задолжен за чување на нејзината долна облека.
Зад гламурот на модните ревии, имаше хаос
Зад гламурот на модните ревии, кои ги собраа најголемите имиња во светот на модата, честопати имаше хаос. Популарноста на супермоделите беше таква што обожавателите се однесуваа кон нив како кон рок-ѕвезди.
Шифер, исто така, откри дека некои луѓе дури и правеле дупки во шаторите каде што се одржувале ревиите за да ги фотографираат моделите додека се пресоблекуваат. Безбедноста била потребна на секој чекор, а напуштањето на просторот за ревии честопати значело пробивање низ толпата фотографи и обожаватели.
– Беше апсолутно неверојатно, како да си рок-ѕвезда – се присети таа.
Клаудија Шифер беше дел од познатата „голема шесторка“ супермодели од 1990-тите, заедно со Наоми Кемпбел, Синди Крофорд, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон и Татјана Патиќ.
Нивната популарност одамна ги надмина модните писти. Тие ги красеа насловните страници на најпознатите светски списанија и учествуваа во кампањи за водечки модни куќи.
Во текот на својата кариера, Шифер соработуваше со легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд, кој одигра важна улога во нејзиниот професионален подем. Со години, таа беше и едно од лицата на модната куќа Шанел.
Интересно е што на почетокот на својата кариера, поради нејзината срамежливост и едноставен начин на облекување, доби необичен прекар – „девојката во волнена долна облека“.
Денес, со децении искуство зад себе, Шифер се навраќа на тој период како време на неверојатна популарност, но и необични ситуации кои најдобро покажуваат колку различен бил животот на светските супермодели зад сцената од гламурозната слика што јавноста ја имаше за нив.












