Дваесет и четиригодишен маж ја избодел до смрт својата баба во задарската населба Станови, пренесува „Јутарњи лист“, повикувајќи се на неофицијални информации.
Од полицијата соопштија дека денеска во 13:53 часот добиле пријава оти едно лице е повредено во стан во тој дел од градот. Полициски службеници и други служби за итна помош веднаш биле упатени на местото на настанот; внатре во станот ја пронашле жената, која им подлегнала на повредите.
Полицијата го привела младиот човек поврзан со убиството.
Според неофицијални информации, бабата и внукот живееле одвоено, а тој отишол во нејзиниот стан и ја избодел.
„Во тек е криминалистичка истрага, а на местото на злосторството се врши увид во соработка со надлежното Државно обвинителство во Задар“, соопштија од полицијата.
Сè уште не е познато што му претходело на нападот, ниту пак какви се околностите околу убиството. Мотивот за ова грозоморно злосторство останува непознат.












