сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Палестинско Министерство за здравство: Седуммесечно бебе e убиено во израелски напад на...

Палестинско Министерство за здравство: Седуммесечно бебе e убиено во израелски напад на Западниот Брег 

12
Фото: EPA/ATEF SAFADI

Седуммесечно бебе е убиено, а неговите родители се повредени во напад на израелската армија на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Војската пукала врз автомобил во областа Тел Румеида јужно од градот Хеброн синоќа, соопшти министерството.

Палестинската новинска агенција WAFA објави дека бебето е тешко повредено откако било погодено во вилицата од истиот куршум што ја ранил неговата мајка, а подоцна им подлегнало на повредите, пренесе „АП“.

Бабата на бебето рече дека семејството возело во близина на контролен пункт кога виделе израелски воени возила и војници во далечината и го запреле автомобилот. Таа рече дека потоа кон нив биле испукани истрели, за кои првично верувале дека биле предупредувачки истрели.

– Еден куршум го погоди мојот внук, му помина преку лицето и преку главата, погодувајќи го образот на неговата мајка каде што се заглавил – рече таа, додавајќи дека куршумот го изгребал и прстот на неговиот татко и дека неговата мајка е во болница.

Семејството патувало од Витлеем кон Хеброн во посета на семејството кога израелските војници отвориле оган, објави WAFA.

Израелската армија вчера соопшти дека војниците пукале врз возило видено како брзо се движи кон нив во областа Хеброн, и дека жртвите на нападот се однесени во болница.

Армијата соопшти дека првичната истрага утврдила дека цивили кои не биле вклучени во конфликтот биле повредени и дека ситуацијата се разгледува, пренесе „Бета“.

 

ИЗДВОЕНИ