Пакистан денес соопшти дека не се водени разговори за воен одговор од страна на Исламабад на нападите на Хутите врз Саудиска Арабија, но додаде дека Пакистан ќе „дејствува кога ќе дојде време за тоа“.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Саџад Хајдер Кан, на редовната неделна прес-конференција изјави дека во моментов не се водат разговори за евентуален воен одговор од Пакистан и додаде оти не постојат планови за проширување на сојузот од Мека, пренесе Ројтерс.
Договорот за заедничка одбрана, потпишан минатиот месец во Мека меѓу Пакистан, Турција и Саудиска Арабија, предвидува дека вооружен напад врз која било од трите земји ќе се смета за напад врз сите нив.












