сабота, јуни 13, 2026
Дома БАЛКАН Ова е напаѓачот од училиштето во Турција! Објавил застрашувачка закана воочи пукањето?/ФОТО

Ова е напаѓачот од училиштето во Турција! Објавил застрашувачка закана воочи пукањето?/ФОТО

1997
screenshot X

Напаѓачот кој влезе во средното стручно и техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во населбата Сиверек во Шанлиурфа со пушка, отвори оган, а потоа си го одзеде животот, е идентификуван како 19-годишниот Омер Кет.

Кет наводно објавил заканувачки пораки на социјалните мрежи пред инцидентот.

Како што пренесоа турските медиуми напаѓачот пред пукањето наводно објавил: „Подгответе се. Ќе има напад врз ова училиште за неколку дена“.

Утврдено е дека напаѓачот бил поранешен ученик на училиштето, кое го посетувал само до деветто одделение, а потоа се запишал во отворената програма за средно училиште, објави „Хуриет“.

Како што објави „Дејли меил“, поранешниот ученик прво се забарикадирал во училиштето, а по неуспешни преговори, извршил самоубиство.

Гувернерот потврди дека напаѓачот немал претходно криминално досие и дека училиштето претходно било класифицирано како безбедно од полицијата.

Турскиот Си-Ен-Ен објави дека некои од повредените ученици скокнале од прозорци за да избегаат од вооружениот напад. Според сведоците, напаѓачот влегол во дворот на средното училиште со пушка и отворил оган.

– Прво пукал во дворот, а потоа пукал директно во училиштето – изјавил тој за „Туркије Тудеј“.

Друг очевидец рекол дека видел млад човек со оружје со долга цевка непосредно пред да започне хаосот.

– Извадил оружје и почнал да пука. Пукал во секого кој му се нашол на патот – додаде тој.

Учениците и наставниците биле итно евакуирани, а голем број припадници на специјалните сили се пред училиштето. Ранетите ученици биле однесени во болници.

Во инцидентот биле повредени 16 лица: четири наставници, 10 ученици, еден полицаец и еден работник во кафетерија.

За среќа, немало жртви. Некои од повредените, чија здравствена состојба била оценета како умерена, биле префрлени во болници во центарот на градот. Лекувањето на другите 12 повредени во моментов продолжува во Државната болница Сиверек, пишува Милијет.

Мотивот за пукањето сè уште не е познат. „Дејли меил“ пишува дека пукањата во училиштата во Турција се многу ретки.

Безбедносните сили ги евакуираа повеќето ученици од училиштето. Покрената е истрага.

ИЗДВОЕНИ