недела, ноември 8, 2026
Дома БАЛКАН Хрватско министерство: Загинатите патници во српскиот автобус се државјани на Хрватска и...

Хрватско министерство: Загинатите патници во српскиот автобус се државјани на Хрватска и Црна Гора

158
ЕPA/STR BEST QUALITY AVAILABLE

Две лица, еден хрватски и еден црногорски државјанин, загинаа кога автобус на „Ниш експрес“ се преврте во близина на Загреб, потврди денеска за новинската агенција „Бета“ Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.

Несреќата се случила утрово, околу 7:25 часот, кога автобус со српски регистарски таблички се превртел на автопатот во близина на клучката Иваниќ-Град, во правец кон Загреб. Две лица загинаа, шест се здобија со тешки, а 27 со полесни телесни повреди.

Повредените патници се пренесени во неколку болници во Загреб, каде што им се укажува потребната медицинска помош. Според последните информации, никој од нив не е во животна опасност.

Во тек е истрага за несреќата.

ИЗДВОЕНИ