недела, ноември 8, 2026
Дома БАЛКАН Конститутивната седница на собранието на Србија е закажана за 17 ноември

Конститутивната седница на собранието на Србија е закажана за 17 ноември

11

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ ја закажа конститутивната седница на новиот состав на собранието за вторник, 17 ноември 2026 година, со почеток во 10 часот.

Како што наведе, предложени се шест точки на дневниот ред – потврдување на мандатот, избор на претседател и потпретседател, генерален секретар, работни тела и постојани делегации во меѓународните институции.

До изборот на нов претседател на парламентот, со конститутивната седница ќе претседава најстариот народен пратеник – професорот Стојан Раденовиќ од Српската напредна партија (од листата „Обединета Србија“), на кој ќе му помагаат четворица најмлади народни пратеници.

ИЗДВОЕНИ