петок, септември 25, 2026
Дома СКОПСКА Отстранет руиниран и напуштен објект во Маџир Маало

Отстранет руиниран и напуштен објект во Маџир Маало

1

Општина Центар отстрани руиниран и напуштен објект на улицата „Петричка“ во Маџир Маало, кој со години претставуваше сериозен ризик за безбедноста и здравјето на граѓаните.

– По извршената инспекциска проверка е утврдено дека станува збор за објект без сопственик, импровизирана градба која беше претворена во дива депонија, легло на глодари и други штетници. Објектот е отстранет, а теренот целосно расчистен од  шутот и од наталожениот отпад – соопштија од  Општината.

Градоначалникот, Горан Герасимовски, наведе дека се расчистуваат вакви критички точки, каде што Општина Центар има надлежност.

Од Општина Центар апелираат до граѓаните да ги пријавуваат ваквите локации, со цел надлежните служби навреме да реагираат и да ги отстранат потенцијалните ризици по безбедноста, здравјето и хигиената.

ИЗДВОЕНИ