Теодора Мартинко, тешко повредена и единствена преживеана од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, го положи возачкиот испит. Фотографија на која таа гордо покажува дека станала возачка, и покрај тоа што ги изгубила двете нозе и дел од карлицата, објави активистот од Нови Сад, Марко Ољача, пренесува Nova.rs.
Младата Теодора Мартинко, чиј живот беше засекогаш променет на 1 ноември 2024 година, кога бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад падна врз неа и уште 16 лица, ѝ покажа на Србија дека откажувањето никогаш не е опција, и покрај тоа што беше единствената преживеана од несреќата и претрпе сериозни физички повреди.
За жал, двете нозе и дел од карлицата ѝ беа отстранети, а нејзиниот живот беше во опасност шест месеци. Сепак, со силна волја и желба за живот, таа успеа да преживее, а нејзината прва фотографија по трагедијата покажува дека продолжила понатаму.
View this post on Instagram
Макро Ољача, претседател на Друштвото за одржлива иднина „Чекори“ и активист од Нови Сад, објави фотографија од Теодора пред автошкола, со потврда дека го положила возачкиот испит.
„Единствената што ја преживеа настрешницата. Ги изгуби двете нозе. Мајка, студентка и хероина. Теодора Мартинико преживеа, се опорави и сега го положи возачкиот испит“, напиша тој.
Инаку, на крајот од 2024 година, основачите на Хуманитарната организација „Нов живот“ – Стефан Миливојевиќ се согласија да започнат кампања за собирање средства за да им помогнат на Вукашин Црнчевиќ и Теодора Мартинко, кои се бореа за живот откако се сруши настрешницата, и за кога ќе ја напуштат болницата да имаат дополнителни финансиски средства за разни трошоци.
Беше одлучено да се соберат по еден милион динари за секој од нив. За жал, Вукашин почина на Воено-медицинската академија поради компликации од повредите што ги здоби.
Сепак, сметката за плаќање остана, а граѓаните не престанаа да донираат пари. Вкупниот износ беше префрлен на сметката на Теодора. Теодора е студентка по медицина, мајка и дефинитивно најхрабрата личност во Србија.











