Одлуката на Индија да служи исклучиво вегетаријанска храна на вечерата за време на самитот на БРИКС предизвика политичка дебата во земјата. На настанот во Њу Делхи, на кој присуствуваа рускиот лидер Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, на гостите им беа понудени повеќе од десет вегетаријански јадења, пренесува британскиот „Телеграф“ (The Telegraph).
Опозицијата ја обвини владата на премиерот Нарендра Моди дека пред светот претставува само еден, привилегиран сегмент од индиската кулинарска традиција. Лидерот на Конгресната партија, Рахул Ганди, на платформата „Икс“ напиша дека „80 отсто од Индијците не се вегетаријанци“ и дека „индиската храна што содржи месо е вкусна“.
Неговиот сопартиец Варис Патан изјави дека, иако вегетаријанството може да се промовира, индиската кујна не смее да се сведува само на такви јадења.
„Луѓето во Индија јадат месо – овчо, пилешко и риба се подеднакво важни делови од нашата кулинарска разновидност“, додаде тој.
The BJP’s habit of imposing its dietary preferences on fellow Indians is already deeply problematic. Now, they have taken it a step further by imposing their own choices on dignitaries from across the world.
India is a rich, diverse, multi-cuisine country, home to some of the finest non-vegetarian delicacies that people across the world relish and enjoy. So why did the Modi government choose to hide this part of India’s culture?
Is it ashamed of the diversity that makes India what it is?
— Pawan Khera 🇮🇳 ಪವನ್ ಖೇರಾ (@Pawankhera) September 13, 2026
Паван Кера беше уште поостар во критиките, насочувајќи ги кон владејачката партија БЈП поради нејзиниот став за исхраната.
„Навиката на Индиската народна партија (ИНП) да им ги наметнува своите преференции во исхраната на другите Индијци е веќе длабоко проблематична. Сега отидоа чекор понатаму и ги наметнуваат сопствените избори на официјални лица од целиот свет“, напиша тој.
Сојузниот министер за парламентарни прашања, Кирен Риџиџу, одговори на критиките, обвинувајќи ја опозицијата дека го претвора менито во политичко прашање.
„Не можам да поверувам дека Конгресната партија ја политизира дури и храната што им се служи на официјалните лица од БРИКС“, напиша тој на „Икс“.
Навиките во исхраната во Индија значително се разликуваат во зависност од кастата и религијата.
„Телеграф“ забележува дека вегетаријанството често се поврзува со привилегираните општествени слоеви и со хинду-националистите. Критичарите на владата тврдат дека традиционалната вегетаријанска исхрана на брахманите се претставува како општа национална норма, додека навиките на голем дел од населението – кое консумира месо, риба и јајца – се маргинализираат.
Во одредени сојузни држави со кои управува ИНП, воведени се ограничувања во врска со продажбата на месо и работата на кланиците, како и за служењето јајца во училиштата и храна што содржи месо за време на верските празници. Според критичарите, таквите мерки особено ги погодуваат муслиманите, Далитите, христијаните и заедниците што се занимаваат со одгледување добиток. На вечерата со десет јадења организирана за самитот на БРИКС, на гостите им беа послужени специјалитети како „панир лабабдар“ (кари со сирење од Северна Индија), „гучи мармик“ (со хималајски печурки смрчaк од Кашмир) и „раита“ од цвекло.
Индија и претходно им служела исклучиво вегетаријанска храна на светските лидери. За време на самитот на Г20 во 2023 година, францускиот претседател Емануел Макрон наводно нарачал леб, сирење и сувомеснати производи во својата хотелска соба по една таква вечера.
Поранешниот исландски претседател Олафур Рагнар Гримсон се присети дека послужил слично мени за индискиот претседател за време на неговата прва државна посета на некоја нордиска земја.
„Кога бев домаќин на претседателот на Индија на државна вечера за време на неговата прва посета од таков вид на некоја нордиска земја, исто така понудив целосно вегетаријанско мени. Тоа беше пред повеќе од 20 години. А тоа се случи на Исланд, каде што не е лесно да се биде вегетаријанец“, рече тој.












