петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Осуммина загинаа во Кабул по силен земјотрес од 5,8 степени

Осуммина загинаа во Кабул по силен земјотрес од 5,8 степени

56
EPA/SAMIULLAH POPAL

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала ги погоди делови од Авганистан и западен Пакистан во неделата, при што загинаа најмалку осум лица во Авганистан, соопштија властите.

Епицентарот на земјотресот бил во планинскиот венец Хиндукуш, околу 150 километри источно од авганистанскиот град Кундуз, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Хафизула Башарат, портпарол на гувернерот на Кабул, изјави дека осум члена на едно семејство загинале, а едно дете е повредено кога се срушила куќа на периферијата на авганистанскиот главен град, објави АП.

ИЗДВОЕНИ