среда, август 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Оштетени коловози, затната канализација

Оштетени коловози, затната канализација

168

Силното невреме што вечервечер ги зафати Битола и околината, проследено со интензивни врнежи од над 40 литри дожд на квадратен метар, предизвика оштетување на коловозот во повеќе делови од градот.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека екипи на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ од раните утрински часови се на терен и работат на санирање на последиците.

– Силните и интензивни врнежи помеѓу 22:00 и 1:00 часот направија оштетување на коловозот во дел од населбите Баир, Бадембалари, на улиците „Дебарска“, „Бихаќ“ и „Караорман“. Дел од оперативата работи и на потегот Кравари – Бистрица. Јас сум на терен заедно со директорите, со цел координирање и санирање на состојбите – објави Коњановски.

ИЗДВОЕНИ