Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан понуди оставка од функцијата претседател на десничарската партија „Фидес“ во вторникот, а Bконгресот на партијата во јуни ќе одлучи дали ќе ја прифати, изјави пратеник на партијата за локалните медиуми.
Централнодесничарската партија „Тиса“ предводена од Петер Маѓар го победи Орбан на изборите на 12 април, со што заврши неговото 16-годишно владеење и предизвика повици за промени во „Фидес“.
Фидес ќе гласа за ново раководство на партискиот конгрес на 13 јуни, изјави пратеникот на партијата Ерик Банки, цитиран од државната новинска агенција МТИ. Фидес не одговори на барањето за коментар. Орбан не разговараше со медиумите по состанокот на партијата во вторник, ниту објави ништо на својата Фејсбук страница.
По изборите, Орбан за десничарскиот канал „Патриот“ на „Јутуб“ на 16 април рече дека како претседател на „Фидес“ презема „целосна одговорност“ за поразот на партијата и дека на унгарската десница ѝ е потребна „телена обнова“.
Во саботата во видео објавено на „Фејсбук“ тој рече дека нема да нема да го заземе своето место во парламентот, туку ќе го „врати“ мандатот на Фидес. „Не сум потребен во парламентот во моментов, туку во реорганизацијата на десницата“, рече Орбан, близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше поддржан од раководителите на крајно десничарските партии во Европа пред изборите.
Тој, исто така, во саботата рече дека раководството на Фидес сака тој да остане на чело на партијата и дека е „подготвен за задачата“ доколку конгресот во јуни го поддржи, пренесе „Хина“.












